Јусуфа Мукоко може да биде најмладиот фудбалер во историјата што настапил на меч на Лигата на шампионите откако Борусија Дортмунд има намера да го пријави 15-годишниот играч за луксузното натпреварување.
Јуниорскиот бомбардер на Милионерите е рекордер според бројот на голови во Бундеслигата за млади играчи и досега за германската репрезентација до 17 години постигна 28 гола на 40 меча.
Тој е еден од најталентираните играчи во Германија и иако е роден во Јаунде, Камерун игра за Елфот, и тоа во селекцијата до 17 години.
На 20 октомври ќе наполни 16 години, а истата вечер Борусија Дортмунд ќе го има премиерниот меч во новиот циклус на Лигата на шампионите со старт во Рим против Лацио.
На тој меч Мукоко нема да настапи, а можно е да добие шанса четири дена подоцна на Вестфален против Бриж. Ако игра на 24 октомври во второто коло, Јусуфа ќе биде најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите.
Моментно рекордер е Селестин Бабајаро, кој играше за Андерлехт против Стеауа со 16 години и 87 дена.
Интересно е што Мукоко, иако сè уште е дете, има спонзорски договор со „Најк“ тежок 10 милиони долари.