Милионерите раситнети пред „Дер Класикер“

Борусија Дортмунд значително ослабена утре ќе гостува кај актуелниот европски и германски шампион, Баерн Минхен.

„Дер Класикер“ дербито на германските гиганти ќе биде посиромашно со отсуствата на тројца клучни играчи на Милионерите, тоа се Џејдон Санчо, Џовани Рејна и Рафаел Гереиро. Сите тројца се соочуват со поситни проблеми, меѓутоа не можеа да закрепнат во пресрет на големото дебри, па останаа во Дортмунд.

Сега Баерн има уште поголеми шанси да ја добие пресметката со оглед на тоа дека и од претходно е голем фаворит. Баварците го добија првото овосезонско дерби со 3-2 на „Сигнал Идуна парк“, па сега целат на двојна победа и зацврстување на врвот на табелата во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести