Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд сака да го задржи костурот на тимот што оваа сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите. Раководството на Милионерите ќе се обиде да го задржи и левиот бек Јан Матсен.
Првичната понуда на Борусија Дортмунд за холандскиот репрезентативец ќе биде околу 25 милиони евра за почеток на преговорите со Челзи.
Сепак, ослободителната клаузула на 22-годишниот дефанзивец, кој минатата сезона играше како позајмен во германскиот клуб, е во висина од 35 милиони фунти.
Задржувањето на Јан Матсен е приоритет за Борусија Дортмунд, но финалистите од Лигата на шампионите не се подготвени да одвојат поголема сума и во спротивно ќе мора да размислуваат за други алтернативи.