Милионерите се пред пораз, но Жолтиот ѕид по 763 дена е комплетен и изгледа феноменално (Видео)

Борусија Дортмунд е пред пораз од Лајпциг и губи со 0:2 по првото полувреме во дербито на 28. коло во Бундеслигата, но ако нешто ги радува Милионерите е што конечно по цели 763 дена повторно играат пшред полн стадион, култниот Вестфален.

Точно 81.365 луѓе се на стадионот што сега го носи името „Сигнал Идуна парк“, а се разигра и распеа и познатиот Жолт ѕид, односно популарниот Коп од навивачи на Борусија зад еден од головите.

Тоа е една од најпознатите навивачки трибини на светот, а како изгледа на мечот межу Борусија Дортмунд и Лајпциг во комолетен состав и исполнет докрај по цели две години погледнете во видеоматеријалот.

Incredible atmosphere as 81,365 Borussia Dortmund fans return to the Westfalenstadion for the first time in 763 days from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести