1801 Борусија Дортмунд – Вердер Бремен (20:30 ч.)
Борусија Дортмунд нареди четири победи во низа во Бундеслигата и сигурно сака оваа серија да продолжи и по враќањето од репрезентативните обврски на фудбалерите. Вердер нема ниту еден нерешен резултат сезонава, а тоа е тим кој има многу лоша одбрана и досега прими дури 17 гола во 7 меча.
Традицијата вели дека во последните 19 средби на овие два клуба, секогаш имало најмалку два погодока, а најчесто тоа се натпревари со по три, четири или повеќе погодоци, што е најава дека ќе се тресат мрежите на голманите.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)
1301 Осасуна – Гранада (21 ч.)
Делува чудно, но Осасуна е тимот што го има најслабиот биланс на домашен терен сезонава. На стадионот во Памплона, домаќинот освои само еден бод во четири дуела.
Гранада е тим кој игра слабо на гости и е само со еден освоен бод во четири дуела. Традицијата меѓу овие два тима вели дека на осум од последните 10 средби одиграле со не повеќе од два погодока.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.55)
1701 Ле Авр – Ленс (21 ч.)
Дуел на две екипи коишто имаат само по две победи во првите осум кола во француското првенство. Ле Авр лани играше во втора лига, а сезонава дома има две победи и два пораза, без реми.
Ленс има три порази од четирите гостувања сезонава, па ќе биде успех за нив ако успее да остане непоразен на ова гостување.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.45)
1011 Ротерам – Ипсвич (21 ч.)
Две екипи со сосема различни амбиции. Ротерам има само шест бода во 11 меча и е претпоследен на табелата, додека Ипсвич е кандидат за влез во Премиер лигата за следната сезона и има 28 бода од 11 меча (девет победи).
Голгетерски е расположен Ипсвич, а Ротерам со 22 примени гола ја има најлошата одбрана во Чемпионшип, па јасно е тука кој е фаворит за освојување на трите бода.
Предлог тип: 2&3+ (2.13)
1275 Дери сити – Шелбурн (20:45 ч.)
Дери сити е втор на табелата и ако сака да остане во трка за титулата, мора да брка победа. Шелбурн е екипата која ја има најдобрата одбрана во лигата (во 33 меча прими само 23 гола) и е мајстор за нерешени. Има дури 14 ремија сезонава.
И традицијата вели дека кога играат овие два тима, нема многу голови, па на осум од последните 10 нивни средби немало повеќе од два погодока.
Предлог тип: 1 (1.50)