„Милионерите“ се враќаат на победнички колосек

Германското дерби на полусезоната меѓу двете Борусии што ќе се игра денеска од 20.30 часот е во фокусот на вниманието во фудбалската Европа и е одлична најава за последниот викенд во 2018 година во поголемиот дел од шампионатите, освен во Англија.

Стандардно, и денеска ќе ви понудиме дневна шема од пет предлог-типови со анализа, статистика и биланси од пет натпревари.

 

Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (20.30 часот)

Првиот пораз во Бундеслигата за „милионерите“ од Дортмунд пристигна во незгоден момент и од неочекуван противник. Ги порази Фортуна, екипа која се бори за опстанок, и сега токму на големото дерби на полусезоната против второпласираната екипа во шампионатот играчите на лидерот Борусија Дортмунд треба да покажат дека се ментално цврсти и дека се силен фудбалски колектив. Веднаш по поразот од Фортуна, скептиците повторно коментираат дека почнува падот на тимот од Дортмунд, како што се случуваше неколкупати, особено во трката за титулата со Баерн Минхен.

Избраниците на Луцијан Фавр сè уште се први и ако победат, сигурно ќе ја задржат првата позиција во Бундеслигата најмалку со шест бодови предност и ќе ја завршат 2018 година како лидери на табелата во германското првенство.

Втората Борусија, од Менхегладбах, игра неочекувано добра сезона и со Баерн му се главни конкуренти на тимот од Дортмунд за титулата. Досега не минуваа добро на „Вестфален“ и имаат три порази по ред со разлика од 3 или повеќе голови. Лани претрпеа катастрофа, а имењакот од Дортмунд „не им лежи“ и не го победиле од април 2015 година. Но, ова е некој друг тим на Борусија Менхенгладбах, со победнички менталитет, што го декласира Баерн со 3-0, постигна најмногу голови по денешниот противник и прими најмалку голови по Лајпциг.

Гостите имаат опасен тим предводен од двајцата разиграни офанзивци Торган Азар и Аласан Плеа (по 9 гола), на спротивната страна се Пако Алкасер со 12 погодоци и Марко Ројс со 10 како лидери на Борусија Дортмунд. Стрелците, офанзивниот стил на игра на двете екипи и важноста на бодовите ветуваат спектакл вечерва на „Вестфален“, или како што официјално се нарекува „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.

Предлог тип: 1&3-5 гола (2.65) Квота на денот

 

Жирона – Хетафе (19.30 часот)

Двете екипи играат многу солидно во првиот дел од сезоната и не се далеку од позициите кои водат во Европа. Пресметките меѓу каталонските и клубовите од Мадрид секогаш носат посебен шарм, а вечерва се чини нема фаворит на првиот дуел од последното коло во Ла Лига за 2018 година.

Жирона нема победа на три меча по ред, но го има извонредниот стрелец Кристијан Стуани, кој го дели второто место со сонародникот Суарес со 11 голови.

Хетафе нема пораз на четири меча по ред, има одлично избалансиран состав и има шанса за триумф и петти меч без пораз во серија. Се чини најдобра варијанта е да се одиграат голови на дуелот на двете многу солидни екипи.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.35) Квота на денот

 

Вулверхемптон – Ливерпул (21 часот)

Гостите сè уште ја паметат ланската елиминација од Вулверхемптон во ФА купот, и тоа на „Енфилд роуд“, па сега имаат шанса за реванш. Тие се во одлична ситуација, лидери се во Премиер лигата, газат одлично на повеќе фронтови и се вратија надежите дека конечно по долг период ќе ја освојат титулата.

Волците се незгоден противник, имаат цела колонија португалски фудбалери, но од седморката вечер нема да игра Диого Жота, еден екстра талентиран играч.

Иако домаќините се во добра форма и имаат три победи по ред, фаворит е Ливерпул.

Предлог тип: T2 1+I & Т2 2+ (2.15)

 

Реал Сосиедад – Алавес (21 часот)

Двете екипи се во криза и формата им е во надолен тренд. Алавес почна одлично во Ла Лига, во еден период беше и лидер, но нанижа четири меча без победа и падна на шестото место. За нив и тоа е одлична позиција и ако успеат да останат непоразени на „Аноета“, ќе имаат причина да прослават добра полусезона.

Реал Сосиедад игра лошо, нанижа три порази по ред и вечерва нема избор освен победа во баскиското дерби.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Сепси – Конкордија (19 часот)

Сепси игра одлично во финишот на полусезоната во Романија, го победи и големиот шампион Стеауа, или како што сега се нарекува ФЦСБ, па е фаворит и против Конкордија. Тим кој дава, но и прима многу голови, а во претходното коло одигра неверојатен меч против Поли Јаши и загуби со 3-6.

Конкордија одигра четири меча по ред со ГГ3+, а и вечерва не е исклучено да ја затресат мрежата на Сепси. Кај домаќините одлично игра нашиот интернационалец Марко Симоновски, кој е втор стрелец на Сепси со 4 голови, зад Тандија со 8.

Сепси е фаворит, се наоѓа во многу подобра форма од Конкордија и е многу поблиску до бодовите.

Предлог тип: 1&ГГ (4.25)

 

- Оглас -

Најнови вести