Милионерите со проблеми пред гостувањето кај Волфсбург

Најголемиот ривал на Баерн Минхен, тимот на Борусија Дортмунд денеска ќе атакуна на три бода на гостувањето кај Волфсбург. Милионерите се фаворити, но сепак се соочуваат со проблеми пред средбата.

Тренерот на Борусија, Лусијан Фавр откри дека Аксел Витсал сигурно нема да игра, но сепак добро е што во составот се враќаат Емре Џан и Џовани Рејна.

„Витсал дефинитивно нема да игра, но добро е што Џан започна со полесни тренинзи со екипата“, откри тренерот на Борусија, Фавр.

Борусија одлично стартуваше во пост Коронавирусот, откако со убедливи 4:0 го победи Шалке и стигна до 54 бодови, четири помалку од лидерот Баерн Минхен. На осум од последните девет меча меѓи Волфсбург и Борусија, победите биле за Милионерите, а еден меч завршил нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести