Милионерите веќе се трет меч без победа во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд одиграа 1:1 на гостувањето кај Аугсбург и ја продолжија серијата од три меча без победа во Бундеслигата.

По ремито со Баер Леверкузен и поразот од Ред Бул Лајпциг, Милионерите денеска повторно одиграа нерешено и останаа на петтото место на табелата со 26 бода, три помалку од четвртопласираниот Лајпциг кој својот меч ќе го игра подоцна.

Аугсбург поведе со голот на Демировиќ во 23-та минута, а Мален во 35-та минута израмни на 1:1, резултат кој на крјот се покажа како конечен.

Бохум беше најубедлив денеска победувајќи го со 3:0 најголемото разочарување во Бундеслигата, Унион Берлин. Асано, Пасиенса и Штогер му ја донесоа победата на Бохум над Унион Берлин кој се наоѓа на 16-то место со само 10 освоени бода.

На останатите два меча, Волфсбург и Хајденхајм остварија минимални победи на гости. Волфсбург славеше над Дармштад, додека Хајденхајм го совлада Мајнц.

- Оглас -

Најнови вести