„Милионерите“ вложуваат во иднината: Еквадорското чудо од дете пристигнува во Дортмунд

Финалистот на Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, вложува во својата иднина и веќе потпиша договор со чудото од дето од Еквадор, Јастин Лерма. Станува збор за 16-годишен фудбалер кој во моментов настапува за екипата на Индепендиенте дел Вале, а само пред еден месец го имаше и официјалното деби за првата екипа во првенството на Еквадор.

Финансиските детали од трансферот не се познати, но Лерма и во следните две години ќе остане да настапува за Индепендиенте, а во сезоната 2026/27 ќе се пресели во Дортмунд и ќе настапува за Борусија.

„Џастин го следевме долго време и оттогаш сме во блиски контакти со фудбалерот и неговото семејство. Тој е еден од најдобрите јужноамерикански фудбалери во својата генерација и мило ни е што можеме да привлечеме голем талент во Борусија“, рече спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

- Оглас -

Најнови вести