Милионерот Влаховиќ нема да игра за Србија

Најскапиот српски фудбалер Душан Влаховиќ, кој и за Јувентус игра одлично како во Фиорентина, требаше да биде ударна игла и во својата репрезентација, но засега тоа нема да се случи.

Србија треба да игра пријателски мечеви со Унгарија (24 март) и Данска (29 март), но Влаховиќ нема да биде во тимот, па нападот ќе го предводат Александар Митровиќ и Лука Јовиќ.

Влаховиќ има повреда на препоните и веќе ја напуштил српската селекција и се вратил во Торино, каде што ќе се рехабилитира и ќе се подготвува за дербито со Интер на 3 април.

 

- Оглас -

Најнови вести