Обложувач од Кочани кој пред две недели уплатил 120 денари на тикет со 18 пара на кои чекал екипи да постигнуваат 2-4 или 3-5 гола, му донесе неверојатна бруто-добивка од речиси 950.000 денари.
Овој „споровозен“ тикет има мечеви кои се играа на крајот на ноември, но има и три меча кои се играа синоќа и се чекаше огромната добивка откако излегоа првите 15 пара. Потребно беше од два до четири гола да постигнат Штутгарт, Лион и Порто и тие го направија тоа.
Добивката ја збогатува и бонусот од 15 проценти (поради тоа што сите квоти се над 1.50, а ги има над девет пара), што му донесе екстра 2.000 евра. Мајсторски одиграно, вкупниот погоден коефициент е речиси 7.000.

Одличен тикет со мечеви од европските купови на кои се барале голови има и во Скопје. Во објект на Sport Life во Старата чаршија уплатени биле 500 денари дека Кристал палас, Лион, Порто, Феенорд и Фенербахче ќе постигнат два или повеќе голови во првото полувреме.
Прогнозата беше точна и овој играч има бруто-добивка од 360.914 денари.


