5.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Милитао експресно се опорави и ќе игра за Реал на пресметката со Виљареал

Едер Милитао е закрепнат и може да започне во стартниот тим на Реал Мадрид за натпреварот од Ла Лига против Виљареал во сабота вечер, јавуваат шпанските медиуми.

Ова се случува само шест дена по повредата што ја доби бразилскиот репрезентативец за време на градското дерби со Атлетико Мадрид минатата недела. Во понеделникот, 27-годишниот централен дефанзивец имаше проблеми со глуждот на левата нога и чувствуваше силни болки во претходните денови.

Од лекарскиот тим на 15-кратниот европски шампион потврдија дека состојбата на Милитао изненадувачки се подобрила во последните 48 часа.

Реал Мадрид загуби со 2-5 од Атлетико Мадрид и моментно го зазема второто место на табелата во шпанското првенство, заостанувајќи еден бод зад лидерот Барселона.

- Оглас -

Најнови вести