Миливојевиќ најбрзо до дваесетката во историјата на Кристал Палас

Лука Миливојевиќ го постигна третиот гол за Кристал Палас во блескавата победа од 4:1 на гостински терен против Лестер и денеска се запиша во клупската историја на тимот од Лондон.

За него тоа беше 20. гол за Палас, откако во февруари 2017 година пристигна во клубот од „Селхрст Парк“ и тоа е најбрз поход до 20-та на играч на овој тим.

Миливојевиќ сезонава е најдобар стрелец на Кристал Палас со 8 погодоци, иако не е напаѓач, а зад него е Вилфрид Заха со 7.

И Заха денеска беше стрелец и тоа на два гола, а еден постигна и Батшуаи, прв во дресот на Палас. Џони Еванс беше стрелец на почесниот погодок за Лестер.

- Оглас -

Најнови вести