Легендата на македонскиот и југословенски фудбал, Милко Ѓуровски, беше еден од најдобрите фудбалери во 80-тите години на минатиот век. Беше во центарот на вниманието со неговиот трансфер од Црвена Звезда во Партизан во 1986-тата година, а сега повторно е во центарот на вниманието со неговите изјави.
Милко Ѓуровски во интервју за боснански медиум откри дека му е жал што никогаш не заиграл за Хајдук од Сплит.
– „Жал ми е што не играв за Хајдук. Тогаш ме бараше Анте Младиниќ. За мене после Црвена Звезда, најдолем клуб во Југославија е Хајдук. Не знаете дека не отпатував во Милано кога Бранко Станковиќ беше тренер. Тогаш можев да одам во Сплит. Сепак, бато Стане (н.з. Бранко Станковиќ) не беше злопамтило и веќе на следниот натпревар бев на терен.“ – одговори Ѓуровски на прашање на новинарот на “Глас Српске“.
Во продолжение од интервјуто Милко Ѓуровски говореше и за моменталната состојба во Хајдук, но и во Партизан и Црвена Звезда. Поранешниот македонски репрезентативец не е задоволен како функционираат клубовите во моментов, но истакнува дека исклучок е само Динамо од Загреб. Сепак, и тука очекува дека загрепчани ќе бидат во слободен пад после заминувањето на Мамиќ.