Легендата на југословенскиот и македонски фудбал, Милко Ѓуровски, кон средината на 80-тите години на минатиот век го направи најголемото „предавство“ и на врвот на својата кариера направи трансфер од Црвена ѕвезда во Партизан. Сега за српските медиуми го коментираше вечното дерби, кое во понеделник по 174-ти пат ќе го играат Црвена ѕвезда и Партизан.
„Јас отсекогаш навивам за Sвезда, но го сакам и Партизан. Додека бев во Sвезда не го сакав Партизан, тоа е логично. Но бев и во Партизан четири години и ми беше феноменално. Сега мислам дека Партизан ќе победи и тоа ќе го видите. Во Sвезда проблем е што поголемиот дел од фудбалерите се странци, многу малку има наши играчи. Странците не знаат што е дерби, тие се тука само за плата. Нема никаква логика да донесеш 10 странци кои се исти како српските фудбалери, треба нашите да играат. Пак ќе кажам, предност му давам на Партизан.“ – рече Милко Ѓуровски.