8.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Милман дочека второ финале на 30 години, противник во Токио ќе му биде Ѓоковиќ

Џон Милман го победи Рејли Опелка во полуфиналето на АТП турнирот во Токио и ќе игра за првата титула во кариерата против Новак Ѓоковиќ.

Австралецот славеше со 2:0 и ќе се обиде во второто финале во кариерата да стаса до пехарот, во дуел со најдоброрангираниот светски тенисер.

Ѓоковиќ во второто полуфинале беше поуспешен од Давид Гофан, па и тој ќе игра за прва титула, но на турнирот во Токио, што го нема освоено досега.

Фаворитот се знае, а ако победи со 2:0 против Милман, Ѓоковиќ ќе ја освои титулата без загубен сет на турнирот во Токио.

 

- Оглас -

Најнови вести