Многу интересен момент се случи на мечот меѓу Ливерпул и Кристал палас, а покрај фантастичните 7 голови и победата од 4-3 на фаворитот, во фокусот е исклучувањето на Џејмс Милнер.
Во кус рок, од 82-рата до 89-тата минута, Милнер доби два жолти картони, автоматски заработи исклучување, и тоа од неговиот поранешен наставник по физичко воспитување Џон Мос.
Мос беше главен судија на дуелот на „Енфилд роуд“, а англиските медиуми пронајдоа фотографија на Мос и Милнер од училиштето во Хосфорт. Милнер играл фудбал за тамошниот фудбалски тим, а Мос му бил наставник по физичко образование.
На фотографијата Милнер е момчето со топката в раце, а Мос е наставникот и судијата што завчера го исклучи својот поранешен ученик.