Милнер ќе ви покаже како прецизно се коси тревата (видео)

Домашната изолација е добра да се пробаат нови хобија, а токму Џејмс Милнер, фудбалерот на Ливерпул, речиси секој ден објавува како го троши слободното време додека трае прекинот на Премиер лигата. Пред неколку дена Милнер објави видео како ги сортира ќесичките со чај според вкус, а денес ни даде инструкции како прецизно се коси тревата.

За тревата да биде подеднакво рамна, Милнер користи ножички и линијар, а воедно праша дали може да го позајми знакот „Не ја газете тревата“ кој стои покрај теренот на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести