Милнер постигна нешто што досега им успеало само на тројца фудбалери во историјата на Премиер лигата

Екипата на Ливерпул денеска го совлада Саутемптон со 3:1, а дополнителни причини за слајве имаше Џејмс Милнер.

Милнер во игра влезе во 68-та минута на местото на Харви Елиот и се запиша во историјата на Премиер лигата. Ова беше 600-ти натпревар за Милнер во Премиер лигата и стана четвртиот фудбалер со вакво достигнување.

Досега магичната бројка од 600 натпревари во најсилната лига ја достигнале Герет Бери кој одиграл 653 меча, Рајан Гигс со 632 и Френк Лампард со 609 меча. Милнер на 600-те меча постигна и 55 гола,а освои и три шампионски титули во Премиер лигата, две со Манчестер сити и една со Ливерпул.

Џејмс Милнер кариерата ја започна во Лидс за кого во 2002 година дебитираше во Премиер лигата, а потоа има играно и за екипите на Њукасл, Астон Вила, Манчестер сити и секако Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести