34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Милнер во чест на својот трагично загинат пријател ќе го носи дресот со бројот 20

Џејмс Милнер оваа сезона ќе стане само третиот играч кој со полни 40 години заиграл во Премиер лигата. За ветеранот ова ќе биде 24-та сезона во елитното натпреварување на англискиот фудбал, а сега се реши да го смени бројот со кој ќе игра.

Милнер одлучи во новата сезона да го носи дресот со бројот 20, во чест на неговиот некогашен соиграч Диого Жота, кој летово трагично настрада во сообраќајна несреќа. Милнер во Брајтон го носи дресот со бројот шест, но бидејќи е слободна и 20-ката, реши во новата сезона да го носи бројот на дресот кој беше резервиран за Жота во Ливерпул.

„Кога слушнав дека Карлос Балеба сака да го промени бројот на дресот и дека 20-ката е слободна, сакав да ја земам и да ја носам во чест и почит кон Диого кој беше фантастичен играч и кој ми е мило што можев да го наречам дека ми е пријател. Ќе ми биде голема чест да го носам овој број на дресот во новата сезона. Диого беше фантастичен. Семеен човек кој секогаш би сакале да го имате во своја близина. На сите ќе ни недостасува“, рече Милнер.

Ливерпул во чест на Жота го повлече дресот со бројот 20 од сите воздрасни селекции. Тоа е прв пат во 133-годишната историја на Ливерпул, еден број да биде повлечен од употреба.

- Оглас -

Најнови вести