17.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Милојевиќ е „печен“ за селектор на Србија, а во Ѕвезда доаѓа легенда на Манчестер сити?

Во Србија велат дека Владан Милојевиќ е фаворит за функцијата селектор на Србија, а во Италија на некој начин се потврдува дека Црвена ѕвезда ќе се раздели со тренерот и објавуваат дека нов тренер на Црвено-белите ќе биде Александар Коларов.

Коларов (39) во моментов му е прв помошник на Кристијан Киву во Интер, а пред тоа беше селектор на У-21 репрезентацијата на Србија.

Како играч, Коларов настапуваше за Чукарички, ОФК Београд, Лацио, Манчестер сити, Рома и Интер.

Тој никогаш нема играно за првиот тим на Ѕвезда, но никогаш не криел дека навива за тој клуб во кој почна да тренира фудбал како дете.

- Оглас -

Најнови вести