12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Милојевиќ има понуда да преземе друга екипа, Црвена ѕвезда нема да му прави проблеми

Црвена ѕвезда е во голема резултатска криза и веќе три натпревари по ред нема победа во домашното првенство, а ако на тоа се додаде и поразот од Брага во Лигата на Европа, тогаш Црвено-белите се без победа на последните четири натпревари.

Сосема очекувано, сè погласни се и шпекулациите околу можното заминување на Владан Милојевиќ од клупата на Црвена ѕвезда, а српскиот тренер има понуда да ја преземе најдобрата бугарска екипа, Лудогорец.

Раководството на поранешниот европски шампион нема да му прави проблеми и ќе му дозволи да си замине доколку Милојевиќ одлучи да ја прифати понудата на Лудогорец.

Како негов наследник се споменува Шпанецот Алберт Риера од Цеље, а во игра е и Дејан Станковиќ.

- Оглас -

Најнови вести