15.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Милојевиќ ја напушта Црвена ѕвезда и ќе биде нов селектор на Србија?

Црвена ѕвезда одигра само 0-0 на гостувањето кај Раднички во Ниш и му дозволи на Партизан да се израмни со бројот на бодовите, 31, на врвот од табелата во српското првенство, но „црвено-белите“ имаат и натпревар помалку.

Сепак, по поразот од Брага и казната од по 10.000 евра за фудбалерите, но и киксот во првенство, се чини дека Владан Милојевиќ е на излезна врата од Црвена ѕвезда, а тоа значи дека нема пречки да стане селектор на Србија на местото на Драган Стојковиќ – Пикси.

Милојевиќ тоа го најави и во изјавата по мечот против Раднички во Ниш.

„Јас сум одговорен човек, свесен сум за ситуацијата, ќе разговараме и ќе видиме. Нешто не е во ред, имавме некои разговори и ќе видиме следните денови што ќе се случи. Свесен сум дека постои големо незадоволство. Не можам да кажам дека фудбалерите не сакаа, но нешто не е во ред. Јас сум одговорен за играта, ја немавме ни во минатиот, ни во овој натпревар. Јас сум човек на Sвезда, ја сакам, таа ми е живот. Подготвен сум на се, само на Sвезда да ѝ биде добро. Ќе разговараме со раководството и ќе видиме каква одлука ќе донесеме. Мислам дека бев јасен.“ – рече Милојевиќ.

Српскиот тренер се осврна и на информациите дека е најсериозен кандидат за испразнетата селекторска позиција.

„Голема чест ми претставува и самиот факт дека моето име се споменува во контекст на селекторската позиција. На секој тренер му е чест да го тренира својот сакан клуб и еден ден да биде селектор на својата земја.“ – додаде Милојевиќ.

- Оглас -

Најнови вести