Тренерот на фудбалерите на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, одржа прес-конференција пред претстојниот дуел со ПСВ во Лигата на шампионите. Милојевиќ го пофали холандскиот тим истакнувајќи дека ПСВ е фантастична екипа која е добра во сите елементи иако имаше послаб старт во натпреварувањето.
Милојевиќ нагласи дека најголемото прашање е што Црвена ѕвезда може да очекува од себе на претстојниот натпревар.
„Секој натпревар е посебен, утре ни доаѓа силен противник, не би влегувал во детали, но во сите аспекти се на високо ниво. Играме пред нашата публика, повикувам сите да дојдат и да ни помогнат. Терминот е чуден, но мораме да дадеме максимум. Ќе биде добар натпревар, тоа е сигурно“, изјави Милојевиќ.
Тренерот ги повика навивачите да дојдат на стадионот „Рајко Митиќ“ и да му помогнат на тимот, нагласувајќи дека очекува неизвесен меч, но дека Црвена ѕвезда мора да даде и повеќе од максимум ако сака да се надева на позитивен резултат.