Милојевиќ: Одличен тест за Црвена ѕвезда, Работнички е на ниво на српските прволигаши

Работнички е на нивото на екипите во нашата Суперлига и Македонците одиграа одличен меч против нас денеска, вели тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Популарните „романтичари“ од Скопје загубија со 1-2 против српскиот првак и поранешен европски шампион на тест-натпревар во Анталија, иако имаа и предност од 1-0 со голот на Дејан Блажевски, а претходно пне погодија и пенал.

Црвена ѕвезда успеа да направи пресврт, победи со 2-1, а Милојевиќ го пофали ривалот.

„Мислам дека Работнички одигра максимално добро и тоа е нормално, така се игра и така треба да биде и во иднина. Имаше некои нејасни одлуки на судиите, а и терените во Анталија не се на нивото од претходните години. Ова беше одличен тест-меч за нас“, изјави Милојевиќ.

Ова беше третиот пријателски меч на Работнички на зимските подготовки во Анталија и најквалитетната претстава досега на клубот од Дебар Маало. Претходно беше победен Сабуртало со 2-1, а четвртопласираниот тим во македонското првенство загуби од Поханг стилерс со 0-2.

 

- Оглас -

Најнови вести