Милионерите по џекпот во Аугсбург

Аугсбург – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Борусија тешко излегува на крај со Аугсбург во последно време. Милионерите имаат две минимални победи и три ремија со по 1-1 на последните пет меча против денешниот ривал.

Гостите бијат голема битка за титулата со Баерн Минхен и не смеат ниту да помислат на кикс, а проблем им е можното отсуство на Пишчек, Пулишиќ и Ројс, кои се жалат на повреди.

Аугсбург се бори за опстанок и ѝ зададе многу мака на Борусија во првиот дел од сезоната, кога загуби со 3-4 во трилер-меч. Сега голем проблем им е повредата на првиот стрелец Алфред Финбогасон. Мануел Баум ќе има тешка задача да го доведе бродот на Аугсбург во помирни води, а големо искушение ќе им биде дуелот со лидерот во Бундеслигата.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.50) Квота на денот

 

Калјари – Интер (20.30 часот)

Интер нема многу мака во дуелите со Калјари и ги доби последните четири со вкупна гол-разлика 14:2. Во одредена варијанта, и на двете екипи им одговара реми.

Калјари бие битка за опастанок, но е за шест бода над опасната зона. За домаќинот голем проблем се повредите. Кастро, Клаван и Деијола нема да играат, а неизвесни се и Бирса, Качаторе, Чери, Теро и Десподов.

Тимот од Сардинија го нема победено Интер од 2016 година, гостите брзо се навикнаа и без капитенот Икарди, а надвор од редовите им е и Врсаљко.

На последните четири дуели секогаш имаше голови и во првото и во второто полувреме, па ќе се обидеме и со петти меч по ред со играта 1+1.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.80) Квота на денот

 

Лидс – Вест Бромич албион (20.45 часот)

Кандидатите за пласман во Премиер лигата имаа лош настап во последното коло и со пораз ќе го чекаат денешниот меѓусебен дуел.

Езџан Алиоски е адут на домаќините, кои бијат голема битка за директен пласман во елитата. За тоа им треба да бидат на една од двете водечки позиции, а моментно пред нив се Норвич со два бода повеќе како лидер во Шампионат лигата и Шефилд јунајтед со ист број бодови, но повеќе постигнати голови.

И ВБА не е без шанси, се наоѓа на четвртата позиција со 6 бода зад Норвич и четири минус во однос на Лидс и на Шефилд јунајтед.

Овде и не треба којзнае каква анализа, само треба да се погледне статистиката на последните дуели. Сите се со минимум 4 голови и со играта ГГ во едно од двете полувремиња. Игра која ви ја предлагаме и за денешното дерби што ќе се игра во Јоркшир на „Еланд роуд“.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.25) Квота на денот

 

Рајо Валјекано – Жирона (21 часот)

Ова е многу важен меч за двете екипи во битка за опстанок во Ла Лига. Особено ќе им биде тешко на домаќините. Соиграчите на Столе Димитриевски ќе мора многу да внимаваат на опасните контри на Жирона. Каталонците го победија Реал Мадрид на гости и покажаа дека се опасни кога ќе им се остави простор за напад.

Но, Жирона имаше и доста киксови, што Рајо Валјекано ќе се обиде да ги искористи. Очекуваме двете екипи да играат внимателно, мечот да се решава во второто полувреме бидејќи бодовите многу вредат во последната третина од шампионатот во Шпанија.

Предлог тип: 2>1 (2.00)

 

Авеш – Боависта (21.30 часот)

Последните пет дуели ги добиваа домашните екипи, а и сега, барем според коефициентите, Авеш е фаворит. Боависта е големо име во португалскиот фудбал, но од поодамна нема некој забележителен успех.

Клаудио Фалкао Сантош нема да игра за Авеш, што ќе биде хендикеп за нив, а кај гостите од Порто ќе отсуствуваат Кошта и Леите, а неизвесен е настапот на Спарања.

Предлог тип: Х (3.15)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести