Милосављев брани, Вардар „гази“ во првото полувреме

Вардар го делат 30 минути од победа во првиот четвртфинален дуел против Пик Сегед во Лигата на шампионите, откако на полувремето резултатот е 14-12 во корист на црвено-црните. Голем мотив за македонскиот шампион е преполната сала „Јане Сандански“, публиката направи спектакл во последниот континентален меч на Вардар на домашен терен за оваа сезона.

Ракометарите на Орберто Парондо до првото водство дојдоа во деветтата минута преку Мораеш кој погоди за 4-3, а Бразилецот ја налави серијата од 4-0 со која Вардар избега на +4 гола разлика за прво посериозно водство. Домаќините имаа +5 во 21-та минута, но унгарската екипа во финишот се врати во игра, додека одличниот Милосављев со четири клучни интервенции го одржа Вардар во водство.

Засега Криштопанс е најопасен, Летонецот реализираше 5 гола од 6 обиди, а Карачиќ го следи со 4 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести