Милошевиќ пристигна во Партизан, се најавуваат тектонски промени кај Црно-белите

Саво Милошевиќ и официјално е промовиран во нов тренер на Партизан. Некогашниот селектор на Босна и Херцеговина и легенда на Партизан, по втор пат седнува на клупата на Црно-белите.

Некогашниот голгетер како фудбалер играше за Партизан во периодот од 1992 година до 1995 година, а првиот тренерски ангажман го имаше од март 2019 до септември 2020 година.

Најавено е дека Милоешвиќ официјално ќе биде промовиран за нов тренер на 30 септември. Тој доаѓа на местото на Александар Станојевиќ кој си даде оставка по катастрофалниот пораз од 0:4 на свој терен од вечниот ривал Црвена ѕвезда.

Освен новиот тренер, Партизан се очекува во најскоро време да добие и нова управа. На 11 октомври е закажано Собрание во Партизан и тогаш се очекува да има промена на раководните луѓе во клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести