Милошевски реагира: Ова ли е добра организација? Жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски имаше реакција на својот фејсбук профил по победата над Гвинеја. Милошевски кој реагираше и по поразот од Холандија, овојпат немаше забелешки на тоа што се случување на теренот, туку на тоа што се случуваше на трибините и на влезот од салата.

По казната што РФМ ја доби поради инцидентот со Холандија, пред дуелот со Гвинеја во салата во Вараждин имаше засилено и редарска, но и полициска контрола. Македонските навивачи беа претресувани, а сомнителни биле и малите деца.

Милошевски во четири точки потенцираше кои биле проблемите и на крајот порачува дека македонските навивачи во Хрватска се дојдени во мир, најпријателски и најспортски, па на следните дуели не би требало да има таков однос од организаторите и редарите

- Оглас -

Најнови вести