Екипата на Милвоки бакс е нов освојувач на НБА-купот откако во финалето во Лас Вега, ја победи Оклахома Сити тандер со 97-81. Бакси одиграа феноменална одбрана во второто полувреме во кое примија само 31 поен и тоа им го донесе трофејот.
Интересно е дека во двете изданија на НБА-купот триумфираат тимови кои ги водел Дарвин Хем. Лани Хем го освои трофејот како тренер на ЛА лејкерс, а годинава со Милвоки.
За најкорисен играч беше прогласен Гркот Јанис Адетокумбо, кој во финалето имаше 26 поени, 19 скока, 10 асистенции, три блокади и две украдени топки.
Оклахома погоди само 5 тројки од 32 обиди и со таква очајна реализација на шутот од далечина немаа шанса.
За титулата во НБА-купот секој играч на Милвоки ќе добие бонус од 515.000 долари.