33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Милвоки бакс го отпушти тренерот кој им ја донесе единствената титула во историјата (Фото)

Мајк Буденхолцер по пет сезони на клупата на Милвоки, нема да продолжи да ги води Бакси. Ваква одлука донесе раководството на клубот откако најдобрата екипа по регуларниот дел од сезоната, изненадувачки беше поразена во првото коло од плејофот од Мајами со 4-1.

Ваквата одлука била донесена веднаш по четвртиот пораз од Мајами, но во меѓусебен договор таа не беше објавена официјално бидејќи во тој период во сообраќајна несреќа загина братот на сега веќе поранешниот тренер на Милвоки.

Токму Буденхолцер беше тренерот кој го предводеше Милвоки до единствената титула во НБА-лигата во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести