Милвоки ги надмина Чикаго на Џордан и Вориорс со Кари и Дурант

Актуелниот состав на Милвоки бакс влезе во историјата на НБА-лигата како тим кој најбрзо обезбедил место во плејофот во една сезона од најсилната кошаркарска лига на светот. Во НБА досега никогаш не се случило една екипа да осигури место во разигрување за титулата уште на 23 февруари. Досегашниот рекорд (25 февруари) го држеше Голден стејт вориорс од сезоната 2016/17.

Плејофот треба да почне за околу два месеца, поточно во средината на април, па Елените кои имаат скор 48-8 (33 победи беа со двоцифрена разлика), до крајот на регуларната сезона и да ги загубат сите 26 меча, пак би биле меѓу осумте најдобри на Истокот.

Какви беа шансите на Бакс да влезат во плејофот? Ако се обложивте дека ќе играат плејоф, за уплата од 10.000 долари, чистата добивка беше само 100 долари. Лани Милвоки испадна во финалето на Источната конференција, овојпат одат на пласман во големото финале. Плус им е што Јанис Адетокумбо е „одморен“ и игра „само“ 30,9 минути по меч, но и тоа не му е пречка да има просеци од 30 поени, 13,6 скока и 5,8 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести