Милвоки и Филаделфија се сигурни, Лејкерси против најслабиот тим во НБА имаат одлична шанса да ја прекинат серијата порази

Вечерва на НБА терените ќе се одиграат седум натпревари, а првиот дуел започнува веќе од 21 часот, програмата ја отвораат Њу Орлеанс пеликанс и Феникс санс во меч во кој Сонцата не се фаворити.

Њу Орлеанс пеликанс е најдобар тим во Западната конференција со скор 18-7 и моментно се наоѓа во серија од шест победи по ред, па не чуди зошто се фаворити. Квотата за триумф на Њу Орлеанс во Sport Life е 1.74, додека квотата за триумф на Феникс кој е трет на Западот и е во мини серија од три порази по ред, изнесува 2.30.

Сигурни победи се очекуваат на Милвоки бакс и Филаделфија сиксерс кои играат со две од четирите екипи кои имаат најмалку победи сезонава, Хјустон и Шарлот.
Хјустон, Шарлот, Орландо и Детроит досега имаат остварено само по седум победи.

Детроит е најслаб во целата лига бидејќи има највеќе порази (21) и е идеален противник за најтрофејниот тим заедно со Бостон, Лос Анџелес Лејкерс да ја прекине серијата од три порази по ред. Иако во своите редови ги имаат Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Лејкерси играат очајно и сезонава и моментно се една од четири екипи од Западот кои имаат повеќе порази од победи (10-15).

Секогаш има опција и за играње на „плус-минус“ поени на кошаркарите. Ембид да биде во плус треба да постигне барем 33 поени, а најблиску до него е бекот на Атланта, Тре Јанг за кого „границата“ е 30.5 поени. Одлична вечер се очекува и од Зајон Вилијамсон и Леброн Џејмс кои треба да постигнат барем 27 поени за да бидат во „плус“, а Ентони Дејвис мора да даде еден поен повеќе.

- Оглас -

Најнови вести