Кошаркарот на Милвоки бакс, Демијан Лилард, неочекувано брзо се опорави и ќе му биде на располагање на тимот за четвртфиналната серија од плејофот на Источната конференција против Индијана пејсерс.
Иако претходно беше објавено дека сезоната за Лилард е завршена поради проблем со длабока венска тромбоза, најновите информации велат дека тој веќе не прима терапија за разредување на крвта и е медицински подготвен за настап.
Се очекува Лилард да го пропушти првиот натпревар во сабота во Индијанаполис, но реално е да се врати на теренот веќе од вториот дуел од серијата.
Неговото брзо опоравување предизвика изненадување во американската јавност, а лекарскиот тим на Милвоки изјавил дека „никогаш не виделе сличен случај“.
Лилард, заедно со Јанис Адетокумбо, е еден од најважните играчи на Милвоки и неговото враќање ќе биде значително засилување за тимот во борбата за пласман во следната рунда.