Милвоки ја покажа силата на шампионот: Бакс за едно полувреме водеше 39 разлика против вториот најсилен тим во лигата (Видео)

Милвоки бакс убедливо го победи Голден стејт со 118:99 во меч кој требаше да биде дерби на вечерта во НБА-лигата. Сепак, наместо дерби, дуелот делуваше како игра на „мачка и глушец“ затоа што домаќините беа доминанти, и тоа уште од првата минута на мечот.

Бакси брзо поведоа со 18:4 и покажаа дека ова ќе биде фантастичен меч за нив. По првата четвртина, разликата беше плус 16 (37:21), а потоа во вториот квартал Милвоки едноставно го збриша противникот. Разликата постојано се зголемуваше, па по 24 минути игра, Милвоки водеше против Голден стејт со повеќе од двојно, односно 77:38 (дури 39 поени разлика).

Јанис Адетокумбо играше дури и помалку од 30 минути, но и тоа му беше доволно да има трипл-дабл со 30 поени, 12 скока и 11 асистенции. Откако во второто полувреме кај Милвоки заиграат резервите, Голден стејт дури во финишот на мечот успеа да ја намали разликата на пристојни 19 поени.

Резултати: Милвоки – Голден стејт 118:99, Мемфис – Минесота 116:108, Њу Орлеанс – ЛА клиперс 113:89, Бруклин – Оклахома 109:130, Денвер – Портланд 140:108.

- Оглас -

Најнови вести