Милвоки ќе мора да брка победа против Мајами без Јанис

Вечерва ќе се играат три натпревари од првата рунда во плејофот во НБА-лигата за кои Sport Life подготви богата понуда со по 161 комбинација.

Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Вториот најдобар тим на Западот, Мемфис гризлис, го игра вториот меч пред своите гледачи во „Федекс форумот“ против Лејкерси, кои водат со 1:0 во победи.

Дополнителни главоболки на тренерот на Мемфис, Тејлор Џенкис, му задава првата ѕвезда на тимот и најдобар играч, Џа Морант, кој заработи повреда на дланката на првиот дуел и неговиот настап ќе биде неизвесен сè до почетокот на мечот.

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но и неочекуваните херои од првиот меч во којшто славеа (128:112), Остин Ривс и Руи Хачимура, ќе се обидат да дојдат до втора победа пред преселбата на серијата во Лос Анџелес.

Тимот кој имаше најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, Милвоки бакс, беше шокиран во првиот меч против Мајами, но поразот не ги загрижува толку навивачите и тренерскиот тим, колку повредата на Јанис Адетокумбо. Адетокумбо се повреди на првиот меч, кога при едно забивање, незгодно падна на грбот и ноќеска нема да игра.

Елените ќе мора да најдат начин да победат без првата ѕвезда бидејќи уште еден пораз на домашен терен од незгодниот Мајами, ќе ги оддалечи од вкупна победа и пласман во следната рунда. Обложувалниците сè уште веруваат во Милвоки и квотата за единица изнесува 1,48.

Голем фаворит за победа е и најдобриот тим на Западот, Денвер нагетс, кој веќе води со 1:0 во серијата против Минесота тимбервулфс.

Во понудата на Sport Life има дури 27-мина играчи за играта „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести