Милвоки ќе нема милост против Филаделфија, Дончиќ ќе покаже зошто е европскиот Моцарт

8376 Милвоки бакс – Филаделфија 76-ерс (НБА, 02:30 часот)

Актуелниот првак нема да е неприкосновен пред своите навивачи, а Филаделфија, која е сè уште без Џејмс Харден, ќе доживее дебакл на ова гостување.

Големото засилување за 76-ерси ќе биде надвор од терените одредено време, а неговото враќање не е дефинирано поради повреда на мускул на ногата. Џоел Ембид нема да има сили да му се спротистави сам на Јанис Адетокумбо, кој воден од одличната публика, ќе приреди ново шоу.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.90)

 

8374 Бруклин нетс – Вашингтон визардс (НБА, 01:30 часот)

Бруклин беше во серија дури од осум порази по ред, но по заминувањето на Харден и доаѓањето на новите играчи, се стабилизираа и врза две победи едноподруго.

Следен на листата е Вашингтон, кој игра по принципот топло-ладно. Во Источната конференција, домаќините се на разочарувачкото осмо место, иако важат за едни од најголемите фаворити за титулата во НБА.

Вашингтон, пак, по блескавиот старт, каде што беше меѓу најдобрите три екипи, има голем пад во формата, по што сега е на позицијата под број 11. Бруклин и покрај тоа што е без Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, ќе ја оправда фаворитската улога.

Предлог тип: 1 (1.68)

 

8405 Лука Дончиќ (Њу Орленс пеликанс – Далас маверикс НБА, 02:00 часот)

Европскиот Моцарт полека влегува во препознатливата форма во која што сите го очекуваме.

Лука изминатиов период имаше неколку фантастични партии, а не гледаме причина зошто тие и вечерва да не продолжат.

Иако последната меѓусебна средба им припадна на Пеликанс, а Лука постигна само 21 кош, гостите спремаат одмазда, каде што лидер ќе биде кој друг ако не словенечкиот кошаркар.

Предлог тип: Лука Дончиќ >30.5 поени (1.90)

 

8201 Бафало сејберс – Отава сенаторс (НХЛ, 01:00 часот)

Најдобрата хокејска лига е во полн ек. Иако се одржува зимската Олимпијада во Пекинг, сепак најдобрите играчи не заминаа да ги претставуваат своите репрезентации.

Затоа и сме сведоци на неколку изненадувања на Олимпијадата во главниот град на Кина. Кога ќе се соочат овие две екипи, особено кога домаќин е Бафало, сведоци сме на голем број голови.

На последните пет средби, на сите од нив сме виделе најмалку шест голови, а еден дуел завршил дури и со 11 погодоци.

Предлог тип: >5.5 (1.65)

 

8435 Филаделфија флајерс – Вашингток кепиталс (НХЛ, 01:00 часот)

Предводени од Александар Овечкин, гостите ја имаат фаворитската улога на оваа средба, а воедно се вбројуваат меѓу најголемите фаворити за освојување на Стенли купот.

Филаделфија има големи проблеми со отсуства поради повреди, а дури осуммина играчи ќе отсуствуваат од вечерашната средба. Овечкин, пак, игра во фантастична форма и во моментов е на делба на петтото место на листата на стрелци со 62 погодоци.

Предлог тип: 2 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести