Милвоки ќе покаже зошто е НБА првак

8572 Милвоки бакс – Орландо меџик (02:00 часот)

Актуелниот првак, Милвоки бакс не игра според очекувањата во оваа сезона.

По 16 одиграни натпревари, тие се наоѓаат на лошото десетто место со по осум победи и порази.

Но, вечерва ќе потсетат Јанис и дружината зошто минатата сезона ја освоија титулата во НБА.

Орландо, иако игра одлично, нема квалитет да за им се спротистави на популарните елени.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -10.5 (1.93)

 

8575 Сакраменто кингс – Јута џез (04:00 часот)

Фаворитската улога овде на големо е на страната на гостите, кои атакуваат на првото место во западната конференција.

Јута, во моментов е под број три, со скор од 10 победи и пет порази, додека, пак Сакраменто е на позицијата 12, со шест победи и 10 порази.

Сепак, и двата тима практикуваат игра на кош повеќе а границата од 220.5 изгледа навистина примамлива.

Предлог тип: >220.5 (1.91)

 

8565 Њујорк никс- Хјустон рокетс (23:00 часот)

Натпревар во кој почнува со добро време за да се проследи од нашата држава.

Домаќините играат навистина френтично пред своите навивачи, и ретко губат.

Дефанзивата е главната одлика на Њујорк, а такво нешто се очекува да видиме и вечерва, натпревар со мал број на поени.

Предлог тип: <213.5 (1.88)

 

8571 Бостон селтикс – Оклахома сити тандер (01:30 часот)

Бостон игра променливо сезонава и навистина сè уште не е познато што може да се очекува од нив.

На некои натпревари изгледаат подготвени да ја нападнат титулата, додека, пак, веќе на наредниот, тим кој што прв пат се собрал да игра кошарка.

Селтикси се во добра домашна форма, и во последните три натпревари успеаја да ги победат Милвоки, Тороно и ЛА Лејкер, што секако е за пофалба.

Предлог тип: 1 со хеникеп, -9.5 (1.92)

 

8569 Индијана пејсерс –  Њуорлеанс пеликанс (01:00 часот)

И двата тима играат под очекувањата поставени од пред почетокот на сезоната.

Особено тоа важи за гостите, кои што потполно потфрлија и се наоѓаат на претпоследното место во Западот.

Останува непознато што се случува со првата ѕвезда на тимот, Зајон Вилијамсон кој за има повреда на стопалото, а сè уште нема точни информации за неговото враќање.

Сепак, Индијана игра се подобро на домашен терен и е во серија од три последователни победи, и се надеваат дека и вечерва ќе продолжат во исто темпо.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.50 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести