Милвоки оди по рекордот поставен во времето на Џабар и Оскар Робертсон

Детроит пистонс – Вашингтон визардс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

На последните четири меча, Вашингтон има четири порази по ред, а Дерроит доби три дуели, од кои едниот против силниот Хјустон. Кај Пистонс неизвесен е настапот на Драмонд и Грифин, но и Волшебниците имаат проблеми, на листата на повредени имаат играчи меѓу кои и Џон Вол. Вашингтон не победил на гости од 28 ноември. На 4 ноември Визардс дома го победи Пистонс со 16 разлика, но сега гостува, а и Детроит е во подобра форма.

Предлог тип: Х 1 – 4.50 (1.80)

 

Хјустон рокетс – Сан Антонио спарс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

По киксот против Детроит, на Ракетите добро би им дошла победа против тексашкиот ривал Спарс. Мамузите имаат многу повеќе порази од победи, сезонава им е најлоша во последната деценија, а проблем за нив е што Харден и другарите ќе бидат мотивирани да се реваншираат за контроверзниот пораз по продолжение во Сан Антонио на 4 декември. Хјустон дома има два порази по ред, редно е да триумфираат.

Предлог тип: <231.50 (1.90)

 

Мемфис гризлис – Мајами хит (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Мајами е втор на Истокот, има дури десет победи повеќе од Мемфис, па според ова, тука треба да типувате на гостите. И Гризлис и Хит имаат важни повредени играчи, а и двата тима играа и синоќа, па можеби заморот да биде фактор, особено кај гостите кои играа продолжение во Далас и потоа требаше да патуваат до Мемфис. Мајами победуваше на последните три гостувања кај Мемфис и секогаш примаше помалку од 100 поени.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

Милвоки бакс – Далас маверикс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Кај гостите ќе го нема повредениот Дончиќ, па со тоа на Елените ќе им биде олеснета работата да дојдат до 19-тата победа едноподруго, што би било изедначување на клупскиот рекорд поставен во шампионската сезона 1970/71. Бакс нема пораз од 8 ноември наваму и во овие 40-тина дена Адетокумбо има просек од 31 поен и 12,8 скока по меч. Маверикс е опасен гостин, повеќе од еден месец не знае за пораз на гости, но Милвоки нема домашен пораз од 26 октомври.

Предлог тип: Т1/Т2 <106.50 (2.25)

 

Феникс санс – Портланд трејблејзерс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Двата тима се во лоша форма, Санс има 3-7 на последните десет меча, додека Портланд доби само еден од последните четири меча. Тука традицијата е целосно на страна на гостите. Блејзерс славеше на седум од последните осум гостувања во Феникс, а единствената победа на Санс беше по продолжение. Сонцата се осми на Западот, но имаат само една победа повеќе од Портланд, па ова треба да биде најнеизвесниот вечерашен дуел во НБА.

Предлог тип: 1 во Q1 (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести