8407 Милвоки бакс – Оклахома сити тандерс (НБА, 01.00 часот)
Милвоки бакс е единствен тим од стартот на сезоната што се уште ја нема почувстувано горчината на поразот во НБА. Милвоки победи на сите осум меча, а вечерва го чека дуел со Оклахома сити тандерс кој има половичен учикок, по четири победи и порази.
Иако има проблеми со коленото, Јанис Адетокумбо настапи на последниот меч на Милвоки и ги предводеше соиграчите во победата над Минесота со трипл-дабл од 26 поени, 14 скока и 11 асистенции. Се очекува Јанис да биде настапи вечерва и да го предводи својот тим во нова победа.
Предлог тип: 1 со хендикеп 7.5 поени (1.90)
8413 Феникс санс – Портланд треилблејзерс (НБА, 03.00 часот)
Во една од најинтересните пресметки во НБА се среќаваат Феникс и Портланд. Двата тима се меѓу најефикасните во целата лига, Феникс просечно постигнува 116.8 поени по меч, додека Портланд дава три поени помалку.
Овој дуел исто така се очекува да претставува шутерски дуел меѓу Девин Букер од едната и Демиен Лилард од другата страна, што е гаранција дека фановите ќе уживаат во ефикасен натпревар.
Предлог тип: >216.5 поени (1.97)
8411 Њујорк никс – Бостон селтикс (НБА, 00.30 часот)
Вечерва се игра најголемото дерби во Источната конференција меѓу Њујорк никс и Бостон селтикс. Историјата на нивното ривалство датира уште од 1940-тите години, а дуелите и резултатите ретко ја прикажуваат реалната слика на состојбата на табелата и формата на тимовите. Бостон е трет во Источната конференција со скор 5-3 и просечно постигнува по 117 поени, додека Њујорк има скор 4-4 и дава 114 поени по натпревар. Џејсон Тејтум има најдобар старт на сезоната во досегашната кариера, постигнува по 30.9 поени по меч и се очекува и вечерва да го предводи својот тим до нова победа.
Предлог тип: 2 со хендикеп 4.5 поени (1.93)
8408 Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (НБА, 02.00 часот)
Никола Јокиќ уште сега на стартот од сезоната покажува дека нема така лесно да се откаже од МВП признанието за најкорисен играч во НБА кое го добива в о последните две сезони. Откако ја пропуштија речиси цела мината сезона, Џамал Мареј и Мајкл Портер јуниор се вратија на терените и Денвер ќе биде еден од фаворитите за пласман во големото финале. Сан Антонио се наоѓа во процес на изградба на нов тим и не се очекува голем успех уште веднаш.
Предлог тип: 1< 235.5 поени (1.88)