Вечерва во арените во САД ќе се одиграат седум натпревари, а Sport Life подготви понуда со по 154 комбинации за играње за шест од нив. Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
На три средби фаворити се домаќините и на три гостите, а два меча се дерби-дуели и двата ќе се играат на Западот.
Милвоки бакс, кој е второпласиран во Источната конференција со 42 победи и 23 порази, турнејата по Западот ќе ја заврши во главниот град на Калифорнија, Сакраменто, и тоа во дуелот против Кралевите, кои се седми во Западната конференција (36-27)
На Јанис Адетокумбо и соиграчите им лежат гостувањата во Сакраменто бидејќи последен пат загубиле во „Голден 1 центарот“ во далечната 2016 година. Милвоки и вечерва е фаворит (1.83) да ја продолжи победничката серија во Сакраменто и на најдобар начин да ја заврши турнејата на Западот.
Второто дерби ќе се игра во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, каде што Клиперси ќе играат против Минесота. Ова е дуел меѓу третиот и четвртиот тим на табелата во Западната конференција. Сезонава веќе одиграа три меча меѓу себе и Минесота води со 2-1 во победи, но последниот дуел кој се играше точно пред десет дена му припадна на ЛА клиперс.
Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 44-ица играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.
Фаворити за плус поени над предложената граница се Тобајас Херис, Тајрис Макси, Џејлен Бронсон, Паскал Сијакам, Домантас Сабонис…