Милвоки покажа заби, Јанис и Мидлтон направија нешто што не беше видено во НБА (Видео)

Милвоки бакс го запре Бруклин нетс само na 83 поени и го победи за намалување на 1-2 во нивната плејоф-серија во полуфиналето на Источната конференција во НБА-лигата. Елените до последна секунда не беа сигурни дали ќе победат бидејќи на 2,1 секунда до крајот, гостите имаа напад при резултат 86-83, но Кевин Дурант го утна обидот за три поени од тешка позиција.

Милвоки тргна супер, доминираше во првата четвртина која ја доби со 30-11, потоа гостите вратија во втората со 31-15, па целото второ полувреме беше неизвесно. На крајот се радуваше Милвоки, кој мораше да го добие овој меч за да избегне да се најде на чекор од елиминација.

Она по што ќе се памети овој меч е што од 86-те поени на Милвоки, 68 постигнаа Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон, што е 79 проценти од поените на тимот и тоа е рекорд во историјата на НБА-плејофот. Мидлтон даде 35, а Гркот 33 поени. Сите други членови на Бакс заедно имаа 18 поени.

Јута џез на свој терен повторно го победи Лос Анџелес клиперс, овојпат со 117-111, и сега Џезерите водат со 2-0. Донован Мичел со 37 поени беше предводник на Јута, резервата Џордан Кларксон уфрли 24 поени, а Руди Гобер имаше 20 скока. Сепак, ништо не е загубено за Клиперс, тие се тим кој и во првото коло против Далас губеа со 0-2 во победи, па успеаја да поминат понатаму.

Ова е неуспешниот обид на Дурант да погоди тројка со која Бруклин би се спасил од пораз:

https://twitter.com/i/status/1403175245637378054

- Оглас -

Најнови вести