Минаа темните облаци за Јан: Не се сеќавам на ништо од мечот со Атлетик, за среќа, сега сум добар (Видео)

Јан Облак имаше многу незгодна повреда во дуелот со Алекс Беренгер од Атлетик Билбао и практично бил во „Зона на самракот“, односно имал контузија на главата и не се сеќавал дека воопшто и бранел за Атлетико Мадрид на „Сан Мамеш“.

По судирот во 68-мата минута, Облак се движеше, но не памети ништо. За среќа, темните облаци минаа за него и сега сè е во ред.

„Не се сеќавам дека воопшто сум бранел во Билбао. Толку не паметам, ама ниту еден детаљ од тој меч. За среќа, сега сум подобар и се гледаме утре“, изјави репрезентативецот на Словенија и еден од најдобрите голмани на светот.

Интересно е што и судијата Васкес не веруваше дека Облак е сериозно повреден, па му покажа жолт картон за задржување на играта.

На местото на Јан во игра влезе Хрватот Иво Грбиќ и бранеше импресивно, па тој е еден од најзаслужните за победата од 1:0 на Јорганџиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести