Минатата година судеше на ЕП, а сега работи како доставувач и прима смртни закани

Некогашниот судија со знакот на ФИФА и УЕФА, Дејвид Кут, во ноември минатата година доби отказ по серијата скандали кои беа поврзани со неговото име. Откако остана без главниот финансиски приход, Кут сега мора да работи како доставувач. Иако веќе не е судија, тој уште трпи смртни закани од дел од екстремните навивачи.

Кут ја одлежува суспензијата од 16 месеци која ја доби откако се појави видеоснимка на која се гледа дека конзумира дрога (кокаин), и тоа веднаш по меч од Европското првенство што се играше минатото лето. На тој меч, Кут беше задолжен како арбитер во ВАР-собата.

„Сакам да продолжам со својот живот. Се обидувам повторно да тргнам напред и повторно да го стекнам тоа чувство на одговорност. Работата ме држи активен, но тоа не е нова долгорочна кариера за мене“, рече Кут откако се дозна дека работи како доставувач.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести