Минатата година замина на одмор и остана без првото место, оваа сезона Богољуб не дозволи победата во Спортска прогноза да му избега

Богољуб Јоновски од Скопје е победник во генералниот пласман во петтата сезона на Спортска прогноза која заедно ја организираат Sport Life и Спорт Манија и како награда ќе добие ваучер од „Анхоч“ во вредност од 30.000 денари.

Во 32-те кола во петтата сезона на популарната бесплатна игра, Богољуб собра 225 и за еден поен победи пред Кирил П. Дека Богољуб е добар прогнозер, покажува податокот дека минатата година на неколку кола пред крајот беше прв во генералниот пласман, но заминувањето на одмор и неиграњето две кола го чинеше победа.

„Ова е втора година како играм Спортска прогноза. Минатата година на неколку кола пред крајот, исто така бев прв во генералниот пласман, но заминав на одмор и не одиграв две кола и на крајот завршив на седмото или осмото место“, вели Богољуб.

Натпреварите од петте најсилни европски лиги претставуваат вистински предизвик за секој фан на фудбалот и на обложувањето, секое коло има по неколку дерби-дуели и поради тоа, нема тактика која носи успеси. Најдобро коло на Богољуб му беше 19-тото, во кое погоди 11 натпревари, а имаше и една десетка.

„Во Спортска прогноза нема тактика, најчесто се гледа на кој тим му е потребна победа, се гледа состојбата на табелата, состојбата со повредени играчи и така се типува. Најчесто типував на крајот од работната недела, а некој пат знаев и да преправам доколку прочитам дека некој фудбалер е суспендиран или повреден. Сепак, предизвик е да се типува на мечеви од петте најсилни европски лиги, но сите натпревари се тешки за прогнозирање“.

Тој порача дека од следната сезона ќе ги игра и другите игри на Sport Life, посебно Типстер купот, каде што главната награда е стан во Скопје.

Второто место го освои Кирил П., кој имаше само еден бод помалку од победникот Богољуб и тој ќе добие 500.000 СЛ маркет поени. Како трет заврши Зоран Т. со 215 бода и на неговата Sport Life картичка ќе му бидат префрлени 400.000 СЛ маркет поени.
Во топ 5 влегоа и Христијан Т., кој имаше 213 поени, а добива 300.000 СЛ маркет поени, како и Дејан Д. со 212 поени. Тој ќе добие 200.000 СЛ маркет поени.

- Оглас -

Најнови вести