Минатата недела понудивме добитен тикет со коефициент 344 – затоа вреди да се одигра!

Дека играчите на Спортска прогноза знаат да ги најдат вистинските фиксови на понудените мечеви, се покажа по тоа што се случи минатата недела. Прогнозерите одлично типуваа за понудата од неделните средби и сите седум фиксови беа точни. Тикетот кој ви го понудивме од минатата недела носеше вкупен коефициент од 344, што на крајот се покажа како добитен, па со 100 вложени денари, добивката изнесуваше 34.400 денари.

И оваа недела традиционално ќе ви помогнеме да ви ги пренесеме најчесто одираните фиксови на неделните средби, па се надеваме на успех како пред седум дена. Во досега завршените пет меча, нема ниту еден со максимални пет погодоци, но повеќе од 50 прогнозери имаат 4 од 5 погодени.

Денешната понуда започнува со два дуели и тоа по ден од италијанската Серија А и еден од француското првенство. За мечот меѓу Сампдорија и Фиорентина речиси 50 отсто типуваат за нерешено, а „иксот“ во Sport Life вреди коефициент 3.00. Најсигурен „кец“ треба да биде мечот Лион – Стразбур, затоа што дури 93,7 отсто од прогнозерите веруваат во победа на домаќините, a коефициентот е 1,76.

Две победи на гостите се очекуваат денеска од мечевите на Спортска прогноза. Шалке треба да слави на гости кај Мајнц, а во тоа веруваат 61,5 отсто, додека дури 70 отсто е за „двојка“ на Наполи против Калјари. Коефициентот за победа на Шалке е 2,50, додека за триумф на Наполи се дава коефициент 1,95. 

На понудата за Спортска прогноза е и дуелот Еибар – Сосиедад кој е одложен и тоа поради загаденоста на воздухот.

Како најочекувана опција за нерешено е и на дуелите Брест – Сент Етјен и дербито од Серија А меѓу Лацио и Интер. За францускиот меч, реми типувале 51,6 отсто, а коефициентот е 3,15, додека за „икс“ на „Олимпико“ во Торино, коефициентот е 3,35.

Понудата на Спортска се затвора со уште едно дерби, но се игра в понеделник во Лондон, меѓу Челзи и Манчестер јунајтед. Речиси две третини, односно над 65 отсто типуваат победа на Челзи која вреди коефициент 1,90.

Според овие проценти од прогнозерите, тикетот вреди вкупен коефициент од 516, што значи дека за само 20 вложени денари можната добивка е преку 10.000 денари:

3006   Сампдорија – Фиорентина            Х

1707   Лион – Стразбур                              1

1708   Брест – Сент Етјен                          Х

3008   Калјари – Наполи                            2

1809   Мајнц – Шалке                                 2

3009   Лацио – Интер                                 Х

1006   Челзи – Манчестер ј.                     1

Вкупен коефициент                               516

 

- Оглас -

Најнови вести