Дека вреди да се игра Спортска прогноза потврди минатото коло, кога дури 13 учесници си добија вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life. Тие 13 учесници на бесплатната игра успеаја да погодат 11 од понудените 13 натпревари и за само неколку одвоени минути, без никакво вложување, си добија подароци.
Затоа, немојте да чекате, туку одиграјте го ова коло на Спортска прогноза. Играта е едноставна. Доколку успеете да ги погодите сите 13 понудени парови, ќе го добиете вредниот мобилен телефон IPhone XS. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.
За редовните учесници потсетување дека секое коло влегува и во трката за Генерален пласман, каде што ќе има подароци за петмината најдобри, а шампионот ќе добие Смарт ТВ 48 инчи.
Не чекајте ИГРАЈТЕ СПОРТСКА ПРОГНОЗА!