Словачкиот репрезентативец Милан Шкринијар на првиот дел од преодниот рок, си замина од Интер и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Светците долго време беа заинтересирани за Шкринијар, минатото лето понудија 60 милиони евра, но Интер бараше десет милиони повеќе за играч чиј договор истече ова лето и тоа беше премногу за францускиот шампион.
ПСЖ во јануари годинава, повторно тропна на вратата на Интер, и му понуди отштета само за да земе дефанзивецот шест месеци пред истекот на договорот.
Но, челниците на Интер повторно бараа премногу, 20 милиони евра и на крајот останаа со празни раце.
Бидејќи во јануари влезе во последните шест месеци од договорот со Интер, Шкринијар имаше дозвола да преговара со сите заинтересирани екипи за него и тој веднаш најде заеднички јазик со ПСЖ и потпишаа преддоговор.
Со отворањето на летниот преоден рок, Шкринијар и официјално е играч на ПСЖ, а Интер не доби ниту едно евро.