Англиската фудбалска репрезентација полека, но сигурно се подготвува за настап на Светското првенство во Катар.
Иако Гордиот албион не игра како што треба, тие се сметани за еден од најголемите фаворити за СП, но според атмосферата, како и тоа што е најавено од страна на самите медиуми, се подготвува добро познат рецепт од самите играчи, кој веќе е виден во минатото и носи катастрофални резултати.
Сопругите и девојките ќе изнајмат крузер вреден една милијарда евра и таму ќе престојуваат во текот на целиот шампионат.
Крузерот ќе биде закотвен кај хотелот во којшто ќе престојуваат играчите, кои во слободното време ќе уживаат во забавите заедно со своите сопруги.
Ова е веќе виден концепт од минатото, кој им донесе само лоши резултати и голем срам на англиските фудбалери.