Минесота ја „прегази“ Оклахома и најави возбудливо финале на Западот (Видео)

Кошаркарите на Минесота со убедливи 143-101 славеа над Оклахома во третиот меч од финалната серија на Западната конференција и намалија на 2-1. Победникот се наѕираше уште после првата четвртина, која ја добија домашните со 20 поени разлика, 34-14, а оваа предност порасна и на +31 на полувремето, 72-41.

И третата и четвртата четвртина ја добија кошаркарите на Минесота со по пет поени разлика, иако шанса за настап добија сите кошаркари. Едвардс со 30 поени беше најефикасен на паркетот, додека неговиот соиграч, Рендл, уфрли 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести